АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ ДА ГО ОДБРАНИ СКОПЈЕ

скопје панорамаСе повикуваат професорите на Архитектонскиот Факултет, организирано  да излезат во јавноста и да престанат да се кријат зад катедрите, да го одбранат тоа што остана од СКОПЈЕ. Интелегенцијата не треба да чека покана, треба  да иницира и да делува во општеството. Вистината што никој не ја дознал исто како да не постои. ЗАСТАНЕТЕ ВО ОДБРАНА НА СКОПЈЕ!

Се бара подршка од студентите на Архитектонскиот Факултет-Скопје, Архитектонскиот Факултет при Американ Колеџ, сите професори вработени во истите, потоа Градежниот Факултет, Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, Асоцијацијата на Архитекти на Град Скопје, и цела активна архитектонска интелегенција, потоа ФЛУ и реномираните ликовни уметници, да се појават во јавноста, да организираат заеднички  трибини, да подготват сеопфатна презезентација за грешките на СКОПЈЕ 2014, да ја презентираат вредноста на модерната и постмодерната архитектура во Скопје, да и објаснат на македонската јавност со разбирлив јазик што се случува со градот, да побараат јавни дебати и средби со градските власти и владата на Р. Македонија. Откако јавноста недвосмислено и без сомнежи ќе увиди дека сите нормални реакции и акции не вродуваат со плод, да се организира протест на интелегенцијата, во кои сите гореспоменати /особено професорите/ ќе излезат и ќе се стават во прв ред, наместо студентското топовско месо, протест кој ќе се повторува во интервали, и кој на вистински, културен, и начин како што доликува ќе се обиде да докаже на тврдоглавите власти дека проектот треба да застане. Доколку не успее ова, да се заканат факултетите со прекин на наставата, се до прекин на проектот т.е седнување и соочување на интелегенцијата со власта пред очите на јавноста.... Притоа се замолуваат сите професори да си ги заборават партиските припадности, етничките комплекси, историските непознавања и да застанат во одбрана на архитектонско-урбанистичката професија. Особено се молат невладините организации, партиите, обоените, граѓанските здруженија за се сешто, и сите останати, да не се мешаат и да не ја злоупотребуваат оваа страна. Да ја остават професијата да го одбрани градот и тоа да го бараат од неа, а не да одмогнуваат со сопствените полувистини и цели. Подршката ни е потребна, но не во форма на ваше организирање, презентирање и говорење во наше име. Тоа треба да го сторат професорите, асоцијациите и големите архитектонски бироа..... ДА ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА НА СКОПЈЕ!!! Сеуште може да се спасат архитектонските симболи на Скопје и да се прекине развојот на оваа ужасна квази архитектура!

ДА за почит кон македонската историја/од праисторијата до денес/, ДА за подигнување споменици и паметници, ДА за нови музеи и институциии, НО НЕ ЗА наметнатиот стил /бедна импровизација/, НЕ за обемноста, НЕ за урбаниот хаос и несоодветната местоположба на објектите, НЕ за укинувањето на конкурсите, НЕ за уништувањето на арх. наследство, НЕ за интелегенцијата што се крие зад катедрите!

 

Оваа иницијатива има за цел да го поттикне и охрабри, Архитектонскиот Факултет пред се, а потоа и сите горенаведени да се организираат како институции, да ги обединат силите и да го бараат својот простор во јавноста. Оваа иницијатива нема за цел да ги обезличи индивидуалните реакции во јавноста на дел од професорите и асистентите, меѓутоа има за цел да им соопшти дека имаат поголем авторитет и моќ, и дека можат да сторат многу повеќе. Тоа што го сторивте не е доволно за институција каква е Архитектонскиот Факултет - одбранете го неговото достоинство! А со тоа и на целокупната професија

 

Оваа иницијатива нема за цел да предизвика контра радикализам на рушење и агресија врз изграденото, ниту обезличување и користење во политички цели, или во цели на соседните пропаганди, ниту пак предизвикување "војна" со партијата на власт или останататите... Оваа иицијатива е за СТОПИРАЊЕ на проектот, и демократско „присилување„ на дијалог пред се со јавноста, а потоа заедно со јавноста дијалог со одговорните и нивно интелектуално надмудрување....

 

П.С -Петицијата ќе се достави во печатена форма до Архитектонскиот Факултет, затоа ве молиме оставете точни податоци поради нејзината валидност

Студенти на Архитектонски Факултет    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

*Ime
*Prezime
*Grad
*Država
fakultet ili profesija
*Email (adresa)
Pokaži go javno tvojot potpis?
  
Vašata email adresa nikogaš nema da bide prikažena na javnosta ili objavena na treti lica.