ПЕТИЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ

http://i.imgur.com/B8NmDBk.jpg?1

До: Претседателот на Собранието на РМ и пратеничкиот состав; Претседателот на Владата на РМ; Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенција за храна и ветеринарство; Законодавно-правна комисија, Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство

***

Почитувани,

Ја искажувам мојата силна поддршка за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, иницијатива поднесена од здружението за заштита на животните Анима Мунди, која ја поддржуваат сите останати македонски здруженија (Асоцијација на активисти за права на животните,  Мали Херои, Глас за животните, Фауна и други).

Постоечкиот македонски Закон за заштита и благосостојба на животните, е неадекватен и ја губи својата основна идеја, а тоа е заштита на животните, бидејќи пропишува субстандардна заштита на животните, кои од страна на луѓето се искористувани и убивани во разни облици на општествена дејност. Законот е несоодветен и дури и во општите начела остава простор за многу манипулативни толкувања (на пр. овозможува масовна еутаназија на бездомни животни; нема забрана за одгој на животни за крзно како што е случај во сите наши соседни земји и сл). Законот сериозно и видно затајува во однос на сите европски Закони за заштита и благосостојба, Законите за заштита на животните од сите соседни земји и бараме истиот да се смени.

Во услови кога дури и сите земји во нашето непосредно соседство (Р. Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија) направија сериозни исчекори за заштита на животните, пред се бездомните кучиња; создаваат Полиција за животни или Одделенија за  превенција и сузбивање на мачење и убивање на животни; ги засилија казнените механизми при секој вид мачење, злоставување на животни; децидно ставија забрани за одгој на животни за крзно; забранија циркуси со животни;  и внесуваат задолжителни едукативни програми за сензибилизација на населенито во однос на животните и промовирање на хуманоста;

Понатаму кога Законодавството на ЕУ ја препозна важноста за подобрување на состојбата на фармските животни, ја зголеми и подобри грижата и благосостојбата на животните во комерцијални цели и драстично се зголемат казнените осредби при секој вид мачење, злоставување на животните, Македонија молчи.

Во Македонија состојбата со животните е алармантна иако јавноста континуирано и силно бара адекватна заштита на животните и нивните права. Ние граѓаните сме децидни дека Македонија не смее да заостанува или толерира мачење,  насилство и убивање и затоа бараме тоа да се смени и уреди со измена на постоечкиот Закон.

Односот кон животните е рефлексија на нашето однесување кон луѓето, и додека се толерира насилство врз животните, насилството меѓу луѓето нема да запре!

Затоа сите ние, Ви се обраќаме и Веруваме дека ќе ја препознаете важноста на оваа иницијатива и ќе ја поддржите, и на тој начин Македонија да се прикаже во вистинското светло, како обѕирна и хумана нација, каква што и е.

Со почит,


Анима Мунди    Kontaktiraj go avtorot na peticijata