Решавање на проблем со легализација на објекти поради мала навлезеност во соседна парцела

Голем дел од нас што бараме легализација, имаме поднесено барање и елаборат навреме, но, често во руралните средини, по селските атари има ненамерно навлегување по 20-30 цм во соседната парцела. И покрај обидите и нудењето паричен надоместок, понекогаш е невозможно да се постигне согласност. Доволно е дедото да го опцул на време дедо му и нема да даде согласност. Да побараме  некакво посредување или можност до одредена длабочина на навлегување да може да се откупи земјиштето барем под објектот. Мислам дека има доволно баратели на кои и покрај навреме поднесените барања и елаборати, ниедно продолжување нема да им го реши проблемот.

 


Весна М. Покупец    Kontaktiraj go avtorot na peticijata