ПЕТИЦИЈА ЗА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Ние, граѓаните на Битола, согласно демократските процеси во
Република Македонија и правото за учество на граѓанинот во
креирањето на општествените политики, а заради алармантната
состојба со загадениот воздух во нашиот град и неговата околина
и потребата за преземање на најитни мерки во насока на подобрување
на квалитетот на амбиенталниот воздух, ја претставувамe оваa:

                                П Л А Т Ф О Р М А

                            Петка (5-ка) за Битола

Оваа платформа содржи 5 итни мерки, за кои е докажано дека
доколку се реализираат, состојбата со загадениот воздух во Битола,
во голема мера ќе се подобри и стави во нормала, со што ќе се намали
бројот на енормните заболувања кои се последица на загадениот
воздух. Овие 5 итни мерки не се ништо ново кога е во прашање
справувањето со загадениот воздух. Напротив, тие се предлагани и
поединечно и како дел од некоја целина, во повеќе наврати при
донесување на планови и програми во општина Битола, но до нивна
имплементација досега не дошло заради многу причини, од кои една
и најважна е немање доволен буџет за нивна реализација.


Мерките кои ги предлагаме и за кои бараме искрена поддршка
од Ваша страна се:

1. Режим на сообраќајот во централното подрачје на градот во
одреден период.

2. Прскање на улиците со соодветна хемиска смеса.

3. Јавен еколошки градски превоз.

4. Субвенционирање на трошоците за електрична енергија
на домакинствата.

5. Преадаптација на постојната топлификација во институциите,
како што се болница, училишта, суд, полиција и приванти субјекти
кои загревањето на своите простории го вршат преку согорување
на тврди горива во користење на природен еколошки гас.

Со оглед на тоа што овој проблем со кој се соочуваме е над се
и не познава партиска, национална, верска или било каква друга
припадност, ЗАМОЛУВАМЕ и БАРАМЕ разбирање од Ваша страна
и поддршка на предложената платформа.
Ви укажуваме бескрајна благодарност, со надеж дека Битола ќе
успее да се избори со овој проблем и ќе стане пример
за секоја почит. 

 

 


ЗА НАС СЕ РАБОТИ    Kontaktiraj go avtorot na peticijata


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).