Петиција за основање „Animal Police“ во Република Македонија!


ИТНО ДА СЕ ФОРМИРА "ANIMAL POLICE" ВО МАКЕДОНИЈА, чија мисија би била обезбедување и осигурување на здравствени услови, безбедност и благосостојба на животните. Мисијата ќе се оствари преку соработка со нашите граѓанки здруженија и други организации за заштита и благосостојба на животните, преку спроведување на сите законски одредби, имплеметирање на образовна програма на одредени целни групи од популацијата (деца, млади, возрасни), преку хумано згрижување на животните, обезбедување храна за истите и овозможување на сигурно, безбедно опкружување за престој на отфрлените, злоставуваните и напуштените животни. 

“ANIMAL POLICE” истотака треба да ја спроведува кампањата за подигање на свеста на јавноста и граѓаните за одговорноста на власниците на домашни миленици, бескомпромисно и детално да ги истражува, решава и спречува сите случаи на злосторство над животните. Да пронаоѓа домови за напуштените животни и да се заложува за востонавување на целосен хуман однос кон животните во секој смисол и пора од општеството !

"Animal Police" е полиција задолжена за спроведување на Законот за благосостојба на животните, која по примерот на многу европски земји, ќе интервенира на терен по пријави на граѓани за случаи на злоставување на животни.

Воглавно полицијата за заштита на животните брои од 15 до 20 луѓе. Сметаме дека за почеток седум или осум обучени припадници би било сосем доволно за еден град.

Начинот на финансирање на формацијата ќе зависи од тоа под чија надлежност таа ќе припадне. Потребно е специјално возило за пренос на животни, и да се отвори "call" центар каде што граѓаните ќе може да пријавуваат неадекватно однесување према животните, најдобро е ова да биде
 дел од силите на МВР.


Во продолжение само дел од она што се случува во Македонија:

Мртво куче на стап, терор, насилство врз животните и смрт на Вевчанскиот карневал! 
http://www.idividi.com.mk/omnibus/panorama/972766/index.html


Насилно убивање на кучиња низ улиците на Струга!  
http://www.sitel.com.mk/foto-nasilno-ubivanje-na-kuchinja-niz-ulicite-na-struga


„Втора Шанса“ од Кочани - стигнавме до сознанија за монструозно изживување врз кучиња во Кочани!
http://a1on.mk/wordpress/archives/376038


Во Битола со силен отров убиени 5 животни!
http://www.kurir.mk/republika/opstini/134653-Voznemiruvacki-fotografii-So-silen-otrov-ubieni-pet-zivotni-vo-Bitola


Кучиња сурово убиени во Скопје!
http://kurir.mk/republika/skopje/100326-Voznemiruvacki-fotografii-Kucinja-surovo-ubieni-vo-Skopje


Убиени 30 кучиња во Ресен!
http://sky.mk/republika/410455-voznemiruvachki-fotografii-ubieni-triesetina-kuchinja-vo-resen


Внимавајте на децата: Отров расфрлан во Аеродром, Автокоманда и Острово
http://falanga.com.au/vnimavajte-na-decata-rasfrlan-otrov-vo-aerodrom-avtokomanda-i-ostrovo


Македонски хорор: погледнете што им се случува на животните во Охрид и Струга!
http://daily.mk/makedonija/makedonski-horor-ve-rasplachat-ovie-fotki-eve-mu-sluchi-machinjata


НЕ сакаме закон само на хартија, бараме истиот тој закон за Заштита и благосостојба на животните да се примени на дело, а тоа е НЕВОЗМОЖНО без формирање на "Animal Police".


Група граѓани    Kontaktiraj go avtorot na peticijata


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).