Petition to UNESCO - Against Discrimination of Macedonian Language

This Petition is on English and Macedonian language

 

Text on ENGLISH

PETITION TO UNESCO

AGAINST DISCRIMINATION OF THE MACEDONIAN LANGUAGE

 


Dear Madame Irina BOKOVA, Director - General of UNESCO,

 

We, the undersigned, citizens of the Republic of Macedonia with different political, ethnic and religious background, also Macedonians and other righteous people from all parts of the world, we appealing to You with requirement to prevent discrimination that is made to the Macedonian nation and Macedonian language . 

 

We turn to you as the highest institution responsible for the care and protection of culture and cultural heritage in the world, where languages occupies a special place, as a spiritual heritage of every nation. Hence, protection of endangered languages and the procuring of cultural diversity in the world are one of the leading mission and vision of UNESCO. Therefore and 2008-th was announced as a Year of Languages. Republic of Macedonia also joined the celebration, proclaiming the Year of Macedonian language and we had the honor to visit our country your predecessor, Mr. Matsuura.

 

Because of this, we are appealing with the expectation to engage yourself in the excluding of the injustice which for years has been applied to the Macedonian people. Strive to provide permanent protection of the Macedonian language and cultural identity as part of world cultural heritage.

 

Numerous international documents give us direction and commitments in this area, ranging from the Universal Declaration of Human Rights of the UN (Article 27), the International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights of UN (Article 13 and 15) and the Universal Declaration of Cultural Diversity of UNESCO since 2001 All they treat cultural rights, including the right of everyone to express, create and disseminate their works in a language that choose by himself, especially in his native language. These rights are an integral part of human rights which are universal, indivisible and interdependent.

 

Dear Madam BOKOVA allow us, our requirements and expectations from UNESCO to back up with concrete data and examples of the jeopardizing of the Macedonian language as an extremely important part of cultural rights and identity of the Macedonians.

Namely, already twenty years last Macedonian international golgotha! Republic of Macedonia as a state is locked into the process of joining NATO and the EU as its strategic benchmarks, but also in normal communication with the world. As you probably know, it grew out from the position of Greece, which challenge the appointment of our country as Macedonia, and in subsequent negotiations and in the use of adjectives for all people, language and everything else connected with this word.

 

Republic of Macedonia joined the United Nations amid fearsome pressure and blackmail for its existence, under the reference ˝Former Yugoslav Republic of Macedonia” in the ˝ 1993, by Resolution of the General Assembly of the United Nations under No..47/225, which was extremely controversial ˝and politicized agreement˝, as stated in the official electronic publication of UNTERM - Multilingual file terminology of the United Nations.

 

In practice that caused a denial of the adjective ˝Macedonian ˝ everywhere, in all international institutions and events, whether from political, commercial, scientific, sporting or cultural character, which leads to blocking and disabling the normal development and progress of the Republic of Macedonia as a state . At the same time, the Macedonians living in Macedonia, but also and those outside, as well as from the diaspora, are exposed to constant denial, humiliation and discrimination regarding fundamental human right to self-nurturing and preserving their cultural identity.

The immediate reason for the Petition was re-extinction of the Macedonian language in column of the electronic edition of the official UNTERM publication, with, as stated by them, administrative officer mistake!? This “mistake” now is corrected as a result of a diplomatic offensive by the Republic of Macedonia, but there is no guarantee that this kind of “mistake” will never be repeated throughout a document or other occasion. Simultaneously, under the Nationality, again, standing broad description derived from the reference for our country, instead of the word ˝Macedonian ˝.

 

Collecting signatures in support of this Petition started on the International Day for Tolerance, November 16, 2010, in the capital of Republic of Macedonia, Skopje, and in other cities of the country, as well as electronically petition. Initiator of the petition is the Democratic Renewal of Macedonia (Demokratska obnova na Makedonija - DOM), as civil and Green Party, to which the principle of nondiscrimination is one of the fundamental. Also Democratic Renewal of Macedonia is initiator of the 2008th Year of Macedonian Language.

 

We will allow by ourselves to ask in public:


How long will all this take? How long some officer in the UN or elsewhere, can delete, rename or will leave without name Macedonian nation, Macedonian language and Macedonian identity when that emerges from the right of self-identification?

Is the United Nations as a pillar of international law, will protect all equally, or will have double standards - one for stronger, others for weaker? What remains then of justice as the highest ideal?

 

What about all the conventions, declarations and resolutions of the United Nations for preserving human rights and cultural heritage, and against discrimination of every individual and group on any basis? Why UNESCO did not reacted so far, as the highest organization for the protection of language, culture and heritage?

 

 

Dear Madame Bokova, we believe that the principle of non-discrimination is the basis of the existence of the organization headed by you. Therefore, we appeal to you personally to engage in the nondiscrimination of the Macedonian language and cultural identity of the Macedonian people and to stop discrimination and injustice that is inflicted on one peaceful people!

We remain with respect.


Текст на МАКЕДОНСКИ

 

ПЕТИЦИЈА ДО УНЕСКО

ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

 

Почитувана г-ѓо Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО,

 

Ние, долупотпишаните, граѓани на Република Македонија со различно политичко, етничко и верско потекло, но и Македонци и други правдољубиви луѓе од сите делови на светот, Ви се обраќаме со барање да ја спречите дискриминацијата што му се прави на македонскиот народ и на македонскиот јазик.

 

Се обраќаме до Вас како највисока институција задолжена за грижа и заштита на културата и културното наследство во светот, каде посебно место зазема јазикот, како духовно културно наследство. Оттука, заштитата на загрозените јазици и обезбедувањето на културната разновидност во светот, претставува една од водечките мисии и визии на УНЕСКО, на која и ја посветивте годината 2008-та, насловена како Година на јазиците. Нашата земја исто така се вклучи во одбележувањето, прогласувајќи Година на македонскиот јазик, а ја имавме честа и лично да не посети Вашиот претходник, г-н Мацура.

 

Поради сево ова, Ви се обраќаме во очекување да се ангажирате во исправањето на неправдата што веќе со години му се нанесува на македонскиот народ. Бараме да обезбедите трајна заштита на македонскиот јазик и културен идентитет, како дел од светското културно наследство.

 

На тоа упатуваат и не обврзуваат бројните меѓународни документи од оваа област, почнувајќи од Универзалната декларација за човекови права на ОН (член 27), Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на ОН (член 13 и 15), но и Универзалната декларација за културната разновидност на УНЕСКО од 2001 г. Сите тие ги третираат културните права, меѓу кои и правото на секого да се изразува, да создава и да ги шири своите дела на јазик што ќе го одбере самиот, а посебно на својот мајчин јазик. Овие права се интегрален дел на човековите права, кои се универзални, неделиви и меѓузависни.

 

Дозволете ни, г-ѓо Бокова, нашите барања и очекувања од УНЕСКО да ги поткрепиме со конкретни податоци и примери за загрозеноста на македонскиот јазик, како исклучително значаен дел на културните права и на идентитетот на Македонците.

 

Имено, веќе дваесет години трае македонската меѓународна голгота! Република Македонија како држава е блокирана во процесите за влез во НАТО и ЕУ, како нејзини стратешки одредници, но и воопшто во нормалната комуникација со светот. Како што веројатно знаете, тоа произлезе од противењето на Грција, која го оспори именувањето на нашата земја како Македонија, а во натамошните преговори и употребата на сите придавки за народ, јазик и се друго поврзано со овој збор.

 

Република Македонија стана членка на Обединетите Нации во услови на страотен притисок и уцени за нејзиното опстојување, под референцата ˝поранешна југословенска република Македонија˝ во 1993 година, преку Резолуцијата на Генералното Собрание на Обединетите Нации под бр.47/225, што беше ˝крајно контроверзна и политизирана спогодба˝, како што стои и во официјалното електронско издание на УНТЕРМ – Мултилингвалната терминолошка датотека на Обединетите Нации.

 

Тоа во праксата предизвика оспорување на придавката ˝македонски˝ насекаде, во сите меѓународни институции и манифестации, независно дали се од политички, трговски, научен, спортски или културен карактер, што доведува до блокирање и оневозможување на нормалниот развој и напредок на Република Македонија како држава. Истовремено, Македонците кои живеат во Република Македонија, но и оние надвор од границите, како и од дијаспората, се изложени на постојано негирање, понижување и дискриминација во поглед на основното човеково право за самоидентификација, негување и зачувување на својот културен идентитет.

 

Непосреден повод за Петицијата беше повторното исчезнување на македонскиот јазик од графата во официјалното електронско издание на УНТЕРМ, поради, како што беше наведено од нивна страна, административна грешка на некој службеник!? Грешката е моментално поправена, како резултат на дипломатската офанзива од страна на Република Македонија, но нема гаранција дека не ќе се повтори низ некој друг документ или повод. Истовремено, под националност повторно стои широк опис произлезен од референцата за нашата држава, наместо зборот ˝македонска˝.

 

Собирањето потписи во поддршка на Петицијата започна на Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември 2010 година, во главниот град на Република Македонија, Скопје, но и во другите градови на земјата, како и по електронски пат. Иницијатор за Петицијата е Демократската обнова на Македонија - ДОМ, како граѓанска, зелена партија, на која принципот на недискриминација и е еден од темелните, истовремено и поранешен иницијатор на Годината на македонскиот јазик-2008.

 

Ќе си дозволиме јавно да се запрашаме:

 

До кога ќе трае сево ова? До кога некој службеник во ОН, или каде и да е, ќе може да го брише, преименува и обезименува македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кога тој произлегува од правото на самоидентификување?

 

Дали Обединетите Нации, како стожер на меѓународното право, ги штитат сите подеднакво, или имаат двојни стандарди – едни за посилните, други за послабите? Што остана тогаш од правдата како највисок идеал?

 

Што станува со сите конвенции, декларации и резолуции на Обединетите Нации за зачувување на човековите права и културното наследство, а против дискриминацијата на секој поединец и група по која и да е основа? Зошто не реагирал досега УНЕСКО, како највисока организација за заштита на јазикот, културата, и културното наследство?

 

Почитувана г-ѓо Бокова, веруваме дека принципот за недискриминација е во темелите на постоењето на организацијата на чие чело сте. Затоа, апелираме до Вас лично да се заземете за македонскиот јазик и културен идентитет и да прекине дискриминацијата и неправдата што му се нанесува на еден мирољубив народ!

 

Остануваме со почит.

 

 

 

 


Democratic Renewal of Macedonia, Citizens of Republic of Macedonia and citizens from diffrent parts    Kontaktiraj go avtorot na peticijata


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).