ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ "ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ"

Почитувани сограѓани, оваа петиција е направена самоиницијативно од група загрижени граѓани на нашата Татковина, со цел да се спротивставиме на спроведувањето на противуставниот предлог закон за јазиците.

Сакаме да се слушне и гласот на народот.

Ние граѓаните на Република Македонија како составен и важен дел од нашата држава, сакаме да направиме нешто добро за неа и за општото добро на сите нас.
Како членови на оваа наша држава имаме право да го искажеме нашиот став и мислење како за други, така и за спроведувањето на овој закон.
Сакаме да биде слушнат и нашиот глас.

Ги повикуваме сите загрижени граѓани на својата Татковина - Македонија, сложно и во еден глас, без разлика на партиска , верска или национална припадност, да ни се приклучат заеднички да се спротивставиме на овој противуставен предлог - закон за употреба на јазиците и јавно и колективно да се приознесеме и достоинствено да ја покажеме нашата доследност, правичност и љубов кон нашата Татковина, Република Македонија!

За таа цел го организираме овој граѓански отпор, во форма на граѓанска иницијатива со која јасно е недвосмислено ќе го кажеме нашиот став дека не се согласуваме со спроведувањето на противуставниот предлог закон за јазиците.

Добредојдени сте сите со учество во оваа петиција да ја спроведеме оваа заедничка иницијатива, зашто сами не можеме ништо, ама сложно можеме многу! Освен тоа, можете да ни се приклучите и на нашата Facebook група:

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ПРОТИВ: "ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ" 


ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА    Kontaktiraj go avtorot na peticijata