Дело на Родољуб Анастасов во ентериерот на Жел. Станица-Скопје

Драги пријатели,  во тек е реконструкцијата на Железничката Станица во Скопје.  Дојдовме до идеја, делото „Човек и време 5 /Man and Time 5″, масло на платно /oil on canvas, 130 x 160 cm, 1978,  да го предложиме до тимот кој го осмислува ентериерното уредување,  да го земат в предвид во нивниот концепт. Идејата е репродукција од делото, во поголем формат, да биде поставено во холот на станицата, чекалниците или пероните. Околу позицијата на овој "принт", неговиот формат, и конкретната употреба би оставиле да одлучат архитектите, чија задача е да го осмислат просторот.

Ова дело е создадено во истата декада, кога железничката станица во Скопје била во изградба, што значи дека соодвествува со духот на времето кога е создаден објектот. Тој период претставува најсмелиот период на скопската архитектура, но и на македонската современа уметност. Темата на ова дело и неговата метафора, се претопува со атмосверата на станицата. Овој начин ќе придонесе за промоцијата на македонската современа уметност пред пошироката јавност, истовремено претставувајќи гест на почит кон овој голем македонски сликар.

Оваа иницијатива, со детално текстуално образложение, заедно со вашите потписи, ќе ја доставиме  до Министерството за Култура, барајќи нивно залагање во промоцијата на идејата. Другата копија ќе ја испратиме до Министерството за транспорт и врски, како носител на овој проект - реконструкција на скопската железничка станица.

Оваа иницијатива, е само почеток на една поголема, која размислува на сличен начин да предложи промоција  на  вредни дела од други современи македонски автори пред нашата јавност. Сметаме дека на креативен начин, преку воигрување со архитектурата, ќе успееме да стекнеме поголема почит спрема целокупната  домашна современа сцена.

Секое добро и ве молиме за споделување на иницијативата! :)

 


Родољуб Анастасов    Kontaktiraj go avtorot na peticijata


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).