Дали сте за изградба на ново основно училиште во населба Хиподром

Како потсетување Основното Училиште во Насeлба Хиподром се запали во 2010 година , од тогаш до сега поминаа скоро 5 години, уште некој месец точно 5 години, цели 5 години нашиот ни почитуван господин Градоначалник не најде начин да изгради ново Основно Училиште. Останаа само уште две школи кои не се обновени или изградени нови, секако едно од тие две школи е и нашето, па сега видете вие мои почитувани сограѓани дали конечно е време да се разбудиме и да сватиме дека ние сакале или не сме последна дупка на свиралото. И да го потсетиме Градоначалникот дека Општината не се состои само од Автокоманда, друго нека земе пример од неговиот колега Градоналаникот на општина Илинден, како треба и како се води општината успешно. Заедно сме послини да го дадеме нашиот глас за добробитта на нашите деца.