ДА СЕ УКИНИ ДОДАДЕНАТА МОЌ НА ПОТРОШЕНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 33

До

Претседателот на Република Македонија

Премиерот на Република Македонија

Владата на Република Македонија

Господа,

граѓаните на Република Макеоднија веќе неможат да ги премолчат кражбите што им ги прави една приватна компанија ЕВН која не кради на секоја сметка 33%.

Овој народ веќе неможе да ги поднесе преголемите додадени давачки во сметките за електрична енергија.

Зошто да плаќаме нешто што не го трошиме.Зошто дозволувате некој да ги кради граѓаните.

Вие сте на власт со позајмен глас од нас граѓаните а не сте родени на таа функција.Ние сме имале доверба и сме ви го позајмиле нашето право на глас и затоа од вас бараме да ја укинете ставката за додадена електрична моќод 33%.

Дали знаете дека во Р:Македонија спрема вашата статистика живеат

700 000 сиромашни граѓани

250 000 невработени граѓани

46 700 приматели на социјална помош

29 700 приматели на технолошки,стечаен и друг додадот од заводот за вработување

како можат овии граѓани да ги подмират своите сметки.

Под хитно бараме

укинување на ставката додадена електрична моќ од 33 %,

враќање на евтината тарифа на електричната енергија,

обештетување на граѓаните каде врават преносните системи на приватен имот и одговорност на надлежните за направениот пропуст во купопродажниот договор,

проценка на пренасочувачите т.е. трансформаторите кај секој потрошувач и исплата за нивно користење затоа што тие се градени со наши пари,

и доделување на акции за секој граѓанин за нашите далноводи и целокупниот преносителен електричен систем во Р.Македонија.Затоа што сето тоа е градено со наши пари.

Вие треба да бидете наши заштитници а не наши уништувачи,затоа ве замолуваме да ги прифатите нашите барања за доброто на граѓаните на Р.Македонија.

ОДРАЗ -Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија

АМАН Прилеп  - граѓанска иницијатива

ДОСТА БЕШЕ МОЛК- граѓанска иницијатива

Здружение на електричари албанци

Shoqata Elektriciste Shqiptare - Drita Shkup

контакт odrazodraz@yahoo.com   048 400 090   071 432 343                                                                                         www.odraz.mk


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).