Град Скопје и Општина Кисела Вода да го прошират опфатот на интервенција на паркот во населба 11 Октомври-бараки

Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка.

Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба  на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина. Со предвидената нова станбена населба ( која исто е во тек на изградба) на просторот на поранешното градежното претпријатие Пелагонија, бројот на жители многукратно ќе се зголеми во непосредната близина, со што и потребата од парковска површина, зеленило, спорт и рекреација ќе биде  нагласена. 

Затоа почнатите активности на само еден дел  од полјанката ( 40%) како граѓани на оваа населба сметаме дека треба да се прошират на целата територија, опфаќајќи реконструкција и на спортските игралишта кои се во одмината состојба.

Воедно сметаме дека оваа интервенција треба да ги опфати и следните точки:

-Санација на улиците и пристапите кон паркот од страната на населбата, кои се уништени од механизацијата која учествува во реализацијата;

-Урбанистички да се дооформи просторот како целина, наместо парцијално;

-Да се предвиди урбана опрема, особено канти за одложување на измет на миленици, бидејќи жителите на пошироката околина ги рекреираат своите кучиња во овој дел од населбата, додека детските игралишта остануваат небезбедни за игра по здравјето на децата;

- Да се предвиди план за оддржување на паркот од страна на екипа на Паркови и зеленило, како истиот би останал во употреблива состојба.

Граѓаните на населбата го поздравуваат ова делување од страна на Градот Скопје и Општината Кисела Вода, бидејќи оваа иницијатива за уредување на овој простор е стара повеќе децении, но инсистираат истото да го опфати целиот потег на полјанката како би се одговорило вистински на потребите на жителите.

Истовремено граѓаните на населбата се свесни, дека ова парковско решение е од привремен карактер, бидејќи со реализацијата на  Јужниот Булевар, т.е Булевар „Македонија“ во иднина истото ќе исчезне. Затоа апелираме меѓудругото, градот и општината, сериозно да пристапат кон редефинирање на урбанистичкиот план за Расадник, каде по сите урбанистички анализи за Скопје, има потреба од изградба на голем градски парк, а со тоа вистински да менаџира со просторот во корист на јавното добро . 

 

Собраните потписи во печатена форма ќе бидат испратени во облик на барање до Општина Кисела Вода  и Град Скопје.


Од граѓаните на населба 11 Октомври - бараки    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

Potpiši ja ovaa Peticija

By signing, I authorize Од граѓаните на населба 11 Октомври - бараки to hand over the information I provide on this form to those who have power on this issue.

We will not display your email address publicly online.

We will not display your email address publicly online.








Paid advertising

We will advertise this petition to 3000 people.

Learn more...