Петиција за зачувување на посебноста на македонската нација

Тргнувајќи од историските идеали за национална држава со свој јазик,писмо,култура и ген ја покренувам оваа иницијатива во форма на петиција како основна форма за изразување на внатрешен револт по однос на штетниот договор за добрососедство кој е планирано да биде потпишан од владите на Македонија и Бугарија и ратификуван во собранијата на двете држави.

1.Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да се откаже од своите браќа и сестри во Пиринска и Егејска Македонија. 

2.Било каква одлука или договор чии одредби  содржат сомнеж или во својата содржина имаат штетно дејствие по суштинските обележја на посебностите на македонската нација по службена должност да подлежи на референдум пред граѓаните на Република Македонија и резултатите од него да имаат обврзувачки карактер.

3.Издигнување на неменливоста на јазикот, името , историјата и превземање обврска за заштитата на македонското малцинство во соседните држави и нивно признавање  како императив од ранг на уставен закон.  


Никола Иванов    Kontaktiraj go avtorot na peticijata


OR

Your email address will not be published on our site. However, the author of the petition will see all the information you provide on this form.

You will receive an email with a link to confirm your signature. Please check your inbox (and spam folder).