Стоп за сапунските серии!

Флора

/ #12

2013-02-13 22:57

Акцијата е за поздравување и посебно ме радува што е иницирана од млади луѓе.Потполно се согласувам со вашиот став, бидејќи ми е јасно какво е влијанието на сапуниците врз помладите, кои се повеќе се оддалечуваат од вистинската книжевна и друга културна наобразба.Да не зборувам за класиката која како база за културна надградба е сосема избришана од нашите медиуми за јавна комуникација.Општеството ги поремети вредностите и младите лутаат и се исправени пред евтиниот избор на сапунски серии.Несреќата да е поголема, презентираната филмска продукција со насилнички, монструозни, хорор содржини и цртани филмови со подмолни пораки е уште поопасна, па сметам дека е потребна акција и за елементарна цензура на ниво на државните институции.

Ве поддржувам без резерва.