ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

гостинка

/ #1649 Re: Re: Re: Re: Re:

2013-05-26 20:30

#1647: - Re: Re: Re: Re:

Знам дека не е политички форум и скоро да ми е срам од себеси што воопшто реагирам на некои агресивни и невоспитани изјави. Меѓутоа, мораме да признаеме дека имаше и друг момент: протести кои очигледно испаднаа неуспешни. Колку и да ги затвораме очите пред тој факт, останува тажната вистина дека овие разговори на форумов стануваат беспредметни. Што и да мислат учениците, родителите, професорите, работите ќе течат токму онака како што ни е наложено. Нема дискусија. Нема дијалог. Така е зашто е така. Догма! и кога на сето тоа некој тука извикува агресивни пароли, тешко човек да не изреагира.