ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Воодушевен од МОН

/ #2120

2013-07-15 06:39

Ништо во овој случај не се добива САМО со колнење на ВМРО ДПМНЕ. Што уште може да се направи во конкретниов случај? Може ли нешто или мораме да чекаме да се смени власта? Ама, каков ни е народот, може и да се изначекаме. Видовте колку лесно заборавија што им се направи на децата и на целото образование и си легнаа на брашно? Штом некој вети дека ќе го освоиме светот, штом некој седне да ги убедува дека на цела Европа и на цел свет гаќите им се тресат од нас, тие се со него и за него. Ич не ни гледаат како е навистина внатре, кај нас. Тоа си е, за жал, така. Затоа требаше овој форум да послужи за сериозен отпор против ваквото екстерно тестирање, ама, иако има сеуште многу место за реакција, а и нови причини се јавуваат, како и се друго - спласна.