ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Quoted post


Gostin

#2045 Re:

2013-06-28 13:07

#2044: -

Rezultatite se sigurno objaveni vo ucilisteto a zavrsi i rokot za prigovori a vo nekoi ucilicta na 29.06 ce se podelat i sveditelstvata.Eksternoto zavrsi uspesno so mali tehnicki propusti.

Replies


Gostin

#2046 Re: Re:

2013-06-28 14:10:37

#2045: - Re:

Mali, mali, pa duri premali. Od 30 prasanja po 20 ili ne se potpolni, ili ne se precizni ili nudat dva tocni odgoviri, ili ne se otvaraa, ili imaa prasanje, nemaa odgovor ili ne bea po programata ili ... Mali, mali, malecki ...


Gostin

#2047 Re: Re:

2013-06-28 14:49:20

#2045: - Re:

Мали технички пропусти:

1. прво се определуваат  два предмети од кои еден НЕ МОЖЕ да се тестира

2. За два дена се посочуваат  два други предмети од кои едниот детето го повторувало три дена  половината од  материјалот од зададениот предмет.

3. Три дена пред тестирањата се сменува еден од предметите (тој што пола материјал го поторувало три дена) и детето започнува да го повторува целиот материјал, учен од септември, уште за еден предмет. Аман! На студентите им се расцепкува материјалот на колоквиуми за да не бидат оптоварени одеднаш со цел материјал, а децата имаат истовремено испитувања, тестови, поправања на оценки за сите други предмети.

4. Тестот треба да го прави претпладне, а го прави доцна попладне (по кој закон толку смее да се одложи тест?), преморено, со изгубена концентрација

5. Тестот се отвора на албански и 10 минути се потребни да се отвори на македонски

6. На првиот предмет (општо прославената историја, нели) има само неколку прашања од материјалот и учебникот што МОН им го раздели. Барем МОН би требало га го почитува учебникот, разделен по школите со негов благослов. Се изучува историја на Македонија, а барем 7 прашања блага веза немаат со Македонија.

7. На вториот предмет се сметаат за неточни  одговори што се одговорени според учебникот и според општопознатите  факти; прашања со повеќе исти понудени одговри и слично. Ако Ви треба пример од материјалот, ќе Ви посочам и страна и ќе го отчукам текстот ако треба. Забележав зашто тоа го имам студирано и дури и најслабиот студент мора тоа да го знае. Што зборувам јас? И послабиот средношколец знае. А во тестот точниот одговор се бележи како неточен. Еден од ситните пропусти.

8. Еднакви прашања за предмети кои не се изучуваат еднакво во различни школи и коишто во определени школи на кои тоа им е струка, се изучуваат многу поопширно. Во старт учениците во школите кајшто тоа се учи по друга програма се хендикепирани. Сигурно дека никој не учи историја на уметноста опширно и со податоци од програмата на средно ликовно и дека не е ситен пропуст во средно музичко прашањата по информатика да бидат како во математичка гимназија, кога според програмата овие деца не учеле ни дел од предвидената програма во математичка ...

9. Кога сме веќе кај средно музичко,откриваат таленти со овој тест! Ај да ми објасните како со овој тест ги откриват талентите во средно музичко, кога ни м немало од музика во тестовите ? Или за нив музиката не е многу важна?

10. Ова досега беше дел од објективно согледаните  МАЛИ пропусти. Ај, сега малку субјективен став. Лично воопшто не верувам дека ќе се постапи чесно онаму кајшто се направени грешки и дека учениците нема да бидат оштетени. Веќе се доволно оштетени со тоа што од 10.06. се на распуст, а досега од распустот ни ден мирен не видоа.

П.С.

Се надевам дека не се почувствувавте лично засегнати од овој мој коментар.